Фулц: Сиксерс “сигурно” во плејоф наредна сезона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот пик на овогодинешниот НБА драфт самоуверено влегува во новата сезона и со изјавите ги предупредува тимовите од Источната конференција.

 

Откако беше запрашан за шансите на Филаделфија да игра во плејофот наредната сезона, Маркел Фулц имаше да го каже следното:

“Сигурно дека ќе бидеме плејоф тим. Тоа ќе биде лесно оваа година. Запомнете дека сум го кажал ова.”

 

Можеби Фулц и не е далеку од вистината. Летово Источната конференција претрпе големи промени во играчкиот кадар на екипите и иако врвот на Истокот останува недопирлив, сепак се отворија многу празни места за потенцијални плејоф екипи. Врвот на Источната конференција се очекува повторно да го составуваат Кливленд, Бостон, Торонто и Вашингтон, но покрај овие 4 тима нема некој јасен конкурент за да ја дополни топ-осумката.

 

Тука шансата ја гледаат повеќе екипи, од кои дел е и составот на Филаделфија која летово покрај Фулц, се засили уште со Амир Џонсон и Џеј Џеј Редик.

Минатата сезона Сиксерси имаа скор од 28 победи и 54 изгубени натпревари.