Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Герет Бејл без сомнеж е еден од најдобрите фудбалери на светот.
Сепак, неговото однесување на натпреварот Велс и Република Ирска во квалификациите за СП беше навистина срамотно.
Бејл во овој меч доби жолт картон и суспендиран за наредниот меч од квалификациите против Србија на 11 јуни во Белград.
Стартот на Бејл над Џон О`Ши беше навистина брутален и фудбалерот на Реал поради него доби жолт картон.
Неколку минути подоцна Нил Тејлор ја скрши ногата на Шејмус Колман во навистина неверојатен старт и така ја загрози кариерата на одличниот фудбалер.
Многу некогашни фудбалери тврдат дека и Бејл требаше порано под туш поради стартот.
Се огласи и поранешниот фудбалер Дитмар Хаман.
„Како Бејл не доби црвен картон поради ова? Судијата беше одличен, но овде погреши“, смета Хаман, и додаде:
„За морони кои ми зборуваат дека Бејл одеше на топка. О`Ши имаше среќа“, напиша Хаман и постави фотографија од стартот на велшкиот фудбалер.
Бејл сепак е казнет само со жолт картон и него публиката во Белград на мечот против Србија нема да го гледа.