Хамес: Имам седум дена да донесам многу голема одлука


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез се наоѓа во немилост кај менаџерот Зинедин Зидан, каде што ретко добива шанса за игра.

Овој Колумбиец во Реал пристигна по одличното одиграно Светско првенство во 2014. година, но не се покажа во тоа светло како што играше и на Мундијалот.

Родригез за шпанските медиуми призна дека има понуда за промена на средината во јануари, и дека му останало уште само малку време да размисли за тоа.

Вистина е дека има понуда. Не можам со сигурност да кажам дали ќе останам во Реал, а имам седум дена да донесам голема одлука. Среќен сум во Мадрид, но сакам да играм. Ако ништо друго, мило ми е за освоените трофеи. Ги имам веќе 15 во кариерата“, изјави Хамес.

Се шпекулриа дека Хамес Родригез е најблиску до Челси, кој бара замена за Оскар кој си замина во Кина.