Хамилтон на пол позиција во Мексико, Розберг зад него


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позиција на утрешната трка за ГН на Мексико.

    После првата квалификациска сесија квалификациите ги завршија шест возачи. Естебан Гутиерез заврши на 17-та позиција, Даниел Квјат од Торо Росо ќе стартува од 18-та позиција. Возачот на Заубер, Луиз Фелипе Наср ги заврши квалификациите на 19-та позиција, Естебам Окон од Манор ќе стартува 20-ти. Колегата на Естебан Гутиерез, Роман Грожан ќе стартува од претпоследната, 21-ва позиција. Возачот на Рено, Џојлон Палмер кој не постави време ќе стартува последен, 22-ри.

    Двата возачи на Мекларен испаднаа во втората квалификациска сесија. Фернандо Алонсо ги заврши квалификациите на 11-та позиција. Возачот на Форс Индија, Серхио Перез 12-ти, колегата на Алонсо, Џенсон Батон заврши на 13-та позиција. Кевин Магнусен од Рено ќе стартува 14-ти, Маркус Ериксон од Заубер 15-ти, а Паскал Верлејн постави најслабо време во втората квалификациска сесија и ќе стартува од 16-та позиција.

    Луис Хамилтон од Мерцедес постави најбрзо време во третата квалификациска сесија и на утрешната трка ќе стартува од пол позиција. Конкурентот за титулата и клупскиот колега на Хамилтон, Нико Розберг квалификациите ги заврши на втората позиција. Возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо ќе стартуваат од третата и четвртата позиција. Нико Хулкенберг заврши на петата позиција. Кими Раиконен од Ферари ќе стартува шести, а клупскиот колега Себастијан Фетел седми. Возачите на Вилијамс, Валтери Ботас и Фелипе Маса ќе стартуваат од осмата и деветата позиција. Карлос Сајнц од Торо Росо и ќе стартува од десетата позиција.

    Трката на програмата е утре од 20:00 часот.