Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марек Хамшик потврди дека во минатото ги одбил Милан и Јувентус.
Капитенот на Словачката репрезентација, последните 10 години ги помина, во Наполи, а негов поранешен агент беше Мино Рајола, но Марек оваа недела откри дека сака да остане целиот свој живот и да се пензионира во дресот на Наполи.
„Тешко е во фудбалот, бидејќи не знаш што може да се случи“.
„Во моментов не размислувам да го напуштам Наполи, во минатото ги одбив Милан и Јувентус, затоа што сметав дека не сум спремен, но сега сум среќен во Наполи и никогаш не би ги напуштил“. – изјави Хамшик
Хамшик треба да постигне само уште два гола и да го сруши рекордот на Диего Марадона, кој го држи како најдобар стрелец во историјата на Наполи.
„Сакам да го освојам Скудетото со овој тим, се надевам дека ќе се случи тоа и нема да мора да чекам до мојата 40-година“. – Заврши Хамшик.