Хандановиќ е уморен, го напушта Интер?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Со години е еден од најдобрите голмани во Серија А очајнички сака да се проба во ЛШ.

    Времето поминува, Хандановиќ на голот на Интер го замени Жулио Цезар, но дојде во најлошо време во клубот. Интер е далеку од сериоизни работи, па Словенецот сака нов предизвик.

    Како што пишуваат италијанските медиуми, тој сака да се проба во ЛШ, но мали се шансите тоа да го направи со Интер па на лето може да ја напушти Меаца.

    „Црно-белите“ имаат алтернатива, го целат Матиа Перин голманот на Џенова, а се распрашуваа и околку Кевин Трамп од Пари Сен Жермен кој го загуби местото стартер од Ареола, како и Бернард Лено, чуварот на мрежата на Баер.

    Кинезите се спремни да вложат големи пари, дури во летото го сакаа Тер Штеген од Барселона, но тоа е невозможна мисија, со тоа што Браво замина, па сега германскиот голман е неприкосновен на голот на Каталонците.