Хауард Веб откри зошто му било најлесно да суди на Арсенал


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Познатиот англиски судија кој веќе некое време е во пензија, Хауард Веб, порача дека Арсенал му бил најлесен тим за судење.

    Веб рече дека Арсенал му бил голем проблем на почетокот на кариерата, но дека тоа со време се променило.

    Порача дека Арсенал со време стана една од полесните екипи да се суди и дека не е како останатите англиски гиганти поради стилот на игра.

    „Арсенал стана лесна екипа за судење со време, но на почетокот на кариерата ми претставуваше проблем. Противниците многу често знаеја да ги малтретираат на теренот и да прават прекршок“, рече Веб па додаде:

    „Тие имаат таков стил на игра што противниците многу често ги фаулираат и речиси секогаш се тоа очигледни прекршоци. Тие многу ретко симулираат и навистина сум немал проблем со тоа“.

    Да потсетиме дека Веб соевремено стана прв судија кој судеше финале на ЛШ и СП во иста сезона.