Херојот на Милан: Победата и голот ги посветувам на Чапекоенсе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан вчера против Кротоне потешко од очекувањата славеше против Кротоне.

Гостите први стигнаа до предност, а Милан преку Марио Пашалиќ и Џанлука Лападула стигна до победа.

А за стрелецот на победоносниот гол ова беше прв стартни меч на Сан Сиро и прв погодок, а голот го посвети на настраданите во авионската несреќа во Медељин.

„Сан Сиро отсекогаш беше најважен стадион во Италија. Беше ова мој прв меч од првата минута на Сан Сиро, навистина сакав да постигнам гол. Среќен сум што победивме. Во добра форма сум, но сеуште ништо не направив. Ова е само почеток на нашето заедничко патување.

Сакам да ја искористам оваа шанса да го посветам голот и победата на Чапекоенсе. Фроза Чапе, засекогаш ќе останете во нашите сеќавања“.