Херојска победа на Карпош Соколи – ФМП падна после продолжение во Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи го победија ФМП со 88:81 во натпревар од АБА Лига по продолжение.

Лабовиќ и Вркиќ погодија за почетно водство на соколи од 5:0. Соколи со двата поени на Лабовиќ и трите на Трајковски зголеми на 10:1. Со двете слободни фрлања на Сепа, Карпош Соколи го имаше првото двоцифрено водство на натпреварот, 13:3 во четвртата минута. Кошаркарите на Карпош Соколи после првата четвртина имаа водство од 10 поени, 26:16.

Кошаркарите на ФМП шест поени во низа намалија на 8 негатива, 28:20. Со петте поени на Мавра, Соколи имаше двоцифрена предност, 31:20. Гостите со петте поени во серија намалија на четири поени негатива, 33:29. Шепа и Пери постигнаа четири поени во низа до крајот на првото полувреме за водство од 40:32 после дваесет минути игра.

Лабовиќ со 5 поени и 2 на Лабовиќ на почетокот на третата четвртина му донесоа водство на соколи од 15 поени, 47:32. Српскиот клуб направи серија од шест поени и намали на едноцифрена негатива, 47:38. Лабовиќ ја прекина серијата на кошаркарите на ФМП со тројка и ја врати двоцифрената предност на домашните, 50:38. Соколите преку четири поени во низа на Мавра и тројката на Лабовиќ стигнаа до предност од 15 поени, 62:47. До крајот на третата четвртина Апиќ постигна уште два поени за 62:49 пред последните десет минути од натпреварот.

Трите на Човиќ и трите поени на Давидовац ја намалија предноста на Карпош Соколи на 9 поени, 64:55. Мал поклон од судиите добија гостите, па со четиринаесет поени во низа го презедоа водството, 67:69 на три минути до крајот на натпреварот. Трајковски во налетот на ФМП промаши три шута по ред, два за три поени и еден а два. Пери ја прекина серијата на гостите и го израмни резултатот, 69:69. Лазаревиќ погоди тројка во за водство на ФМП од четири поени, 70:74 на една минута до крајот. Тренерот на Карпош Соколи повика тајмаут, а Трајковски шутираше веднаш за три и промаши. На гостите им истече времето за напад, а во следниот напад на соколите беше направен фаул над на Пери кој погоди само едно слободно фрлање, 71:74. Лазаревиќ го фаулираше Пери во нападот на ФМП, а кошаркарот на Соколи овој пат ги погоди двете слободни фрлања, 73:74. Брзо беше фаулиран Давидовац кој погоди едно слободно фрлање, 73:75. Сепа во последниот напад на Карпош Соколи погоди двојка со звукот на сирената за продолжение, 75:75.

Пет поени во низа за соколите за водство на Соколи од 80:76. Лабовиќ и Шепа по 2 поени и еден на Мавра беа најзаслужни за тоа. Лазаревиќ во следниот напад погоди тројка за намалување на еден негатива, 80:79. Човиќ погоди двојка и имаше дополнително слободно фрлање за израмнување, но промаши, 82:81. Пери влезе во игра и веднаш постигна двојка за 84:81. Трајковски го залепи Апиќ маестрално и во нападот на соколи Пери промаши тројка. Човиќ сакаше веднаш да израмни, па шутираше за три и промаши. Шепа и Трајковски постигнаа четири коша во низа за конечни 88:81.

Девета победа на Карпош Соколи во АБА лига оваа сезона. Во овој натпревар во раната фаза соколите го загубија Вркиќ кој се повреди.

Лабовиќ со 21 поен го предводеше Карпош Соколи до победа. Мавра додаде 18, Шепа 12, Пери 11, а Трајковски 10 поени. Кај ФМП најефикасен беше Човиќ со 17 поени.