Хет трик за Лазов во Ваба лигата, овој пат во Стара Загора


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Младиот кошаркарски судија Благој Лазов во среда во Стара Загора ќе го има својот трет настап во интернационалната кошаркарска арбитража. Претходно, во два наврати беше дел од судиската тројка на натпреварите кои се одиграа во Црна Гора, а сега ќе ја дели правдата на дуелот Берое – Краљево.

    Меч од 5 коло во Групата А во женската Јадранска кошаркарска лига.

    Натпреварот ќе се одигра во Стара Загора, соседна Р. Бугарија со почеток од 18:00 часот. Покрај младиот Лазов, судиската тројка ја комплетираат Владимир Михајловиќ и Андреј Златевски, додека делегат на натпреварот е Николај Неделчев од Ботевград.

    Интернационалните искуства се одраз на континуираната одлична работа на Лазов во домашните кошаркарски натпревари.

    Веќе 5 години е арбитар во првата кошаркарска лига, а во иднина се надеваме дека ќе го гледаме и на малите екрани во најсилната кошаркарска Европска лига, Евролигата, што е и негова цел.