Хет-трик на Вието, хет-трик на Бен Једер, голеада, девет парчиња за Форментера од Севиља, Еибар лесно со Хихон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште два реванш натпревари се одиграа од 1/16 финалето од Копа Дел Реј.

Еибар на домашен терен го совлада Спортинг Хихон со 3:1. Уште во првата минута го видовме првиот погодок на натпреварот. Кике погоди за водство на Еибар. Една минута пред крајот на првото полувреме Адриан го зголеми водството на Адриан. На почетокот на второто полувреме Кике го постигна вториот погодок на натпреварот. Санчез во финишот на натпреварот ги постави конечните 3:1. Во првиот натпревар Еибар славеше со 2:1 и со вкупен резултат 5:2 се пласира во осминафинале.

На Рамон Санчез Пискуан видовме голеада и дебакл на Форментера. Севиља го совлада нисколигашот со 9:1. Во првото полувреме беа постигнати шест погодоци. Гансо го започна дебаклот на Форментера. Вието, Бен Једер и Сарабија постигнаа по еден погодок во период од пет минути за водство од 4:0. Пред крајот на првото полувреме Вието постигна уште два погодоци за хет-трик. Бен Једер во 55-та минута погоди за 7:0. За гостите погодокот го постигна Гомез. Следуваше вториот погодок на Сарабија на натпреварот. Конечните 9:1 ги постави Бен Једер кој постигна хет-трик. Првиот натпревар андалузијците го добија со 5:1, a so вкупни 14:2 се пласираа во осминафинале.