Хет трик на Мариано, Реал повторно ја наполни Леонеса, Севиља и Виљареал со една нога 1/8 финале


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Реал Мадрид славеше во реванш натпреварот на Сантијаго Бернабе против Леонеса со 6:1 и се пласира во 1/8 финале, а Севиља и Виљареал во првите натпревари запишаа победи со кои се поблиску до следната фаза од купот на кралот.

    Севиља лесно ја совлада Форментера со 1:5 на гости. Само што почна натпреварот беше досуден пенал за Севиља кој го реализира Бен Једер. Кореа до крајот на првото полувреме постигна хет-трик за андалузијците да одат на полувреме со 1:4. Во 74-та минута беше досуден пенал за гостите, втор на овој натпревар, а по втор пат сигурен беше Бен Једер кој ги постави конечните 1:5.

    Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе ја испрати Леонеса со пет погодоци, 6:1. После дваесет секунди игра на Бернабе, кралскиот клуб преку погодокот на Мариано Диаз стигна до водство. Хамес потоа го зголеми водството на Реал Мадрид, а Мариано го постигна вториот погодок на натпреварот за 3:0. Во второто полувреме синот на Зидан, Енцо погоди за 4:1, а петиот погодок за Реал Мадрид го постигна Мариано кој постигна хет-трик на денешниот натпревар. Со автоголот во 90-та минута беа поставени конечните 6:1.

    Виљареал славеше на гости против Толедо со 0:3. Автоголот на Хименез во петнаесетата минута му донесе водство на жолтата подморница. Пет минути подоцна Бакамбу зголеми на 0:2. Резервата Кастиљехо ги постави конечните 0:3 девет минути пред крајот на натпреварот.