Хет-трик на Роналдо за прекинување на постот – Реал го декласира Алавес


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на гостувањето против Алавес со 1:4 во натпревар од десетото коло од Ла Лига.

    После седум минути игра Алавес стигна до водство преку голот на Дејверсон. Голема дупка во одбраната на Реал Мадрид, а напаѓачот Дејверсон го искористи тоа. Слободен удар за Реал Мадрид, Герет Бејл шутираше, но го погоди Дејверсон. Судијата досуди пенал бидејќи Дејверсон играл со рака, а Кристијано Роналдо израмни. Во 33-та минута Кристијано Роналдо во втор пат го совлада Пачеко, а португалецот постигна фантастичен погодок. На стартот на второто полувреме Дејверсон се најде во голема шанса за израмнување, но Кејлор Навас фантастично одбрани. Десет минути пред крајот на натпревар нов пенал за Реал Мадрид. После корнерот влечен за дрес беше Кристијано Роналдо. Пачеко го одбрани шутот од белата точка на ѕвездата на Реал Мадрид. Кралскиот клуб го реши победникот на овој натпревар во 85-та минута кога Марсело од својот шеснаесетник асистираше за Алваро Мората кој со лоб погоди за 1:3. Три минути подоцна Кристијано Роналдо постигна хет-трик на овој натпревар, Марсело асистент за конечни 1:4.

    Кралскиот клуб останува на врвот на табелата во Ла Лига и сеуште е не поразен оваа сезона.