Хонда испрати емотивна порака кон навивачите на Милан

Јапонскиоит фудбалер Кеисуке Хонда вчера против Болоња го идигра својот последен натпревар во дресот на Милан на Сан Сиро.

Хонда беше стрелец на еден гол во победата на Росонерите од 3:0, а после натпреварот порача на навивачите на овој клуб дека ова беше негов проштален натпревар.

Веќе долго се шпекулираше дека јапонскиот фудбалер ќе ги напушти редовите на Милан, а сега донесе конечна одлука дали тоа ќе го направи во ова лето.

Јапонскиот фудбалер одигра само седум натпревари во Серија А, а во еден беше стартер.

Во последното коло од Серија А Милан во овој викенд игра во гости против Каљари и тоа ќе биде шанса за Хонда за официјално да се прости и од навивачите.

„Најдобри навивачи на светот, ви благодарам.  Имаше доста предизвици за мене во овие три години и пол години колку што играв во Милан и можам да кажам дека доста научив. Ќе го напуштам Милан на крајот на оваа сезона, но се надевам дека наскоро повторно ќе се сретнеме.  Можеби тогаш нема да бидам играч и кој знае што носи животот. До тогаш ќе се потрудам да тренирам и да играм што подобро. Благодарам на сите. Форза Милан“, порача Хонда.