До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јапонскиот репрезентативец, Кеисуке Хонда, во последно време во екипата на Милан поголем дел натпреварите ги следи од клупата за резервни фудбалери.
Хонда во Милан стигна во јануари 2014 година како слободен играч од московска ЦСКА, но не успеа да ја оправда довербата на Росонерите.
Јапонецот во оваа сезона повеќе ја „грее“ клупата за резервни играчи, и се повеќе се зборува за тоа дека веќе во јануари ќе го напушти Сан Сиро.
Италијанските медиуми објавија дека денеска на адреса на Милан стигна понуда за Хонда и тоа од далечната Кина.
Имено, Шангај СИПГ е спремен да го купи Хонда кој со Росонерите има договор до лето наредната година. Познато е дека новиот тренер на оваа кинеска екипа е Андре Виљаш Боаш и се чини дека португалскиот стручнак одма се одлучи да доведе големо засилување.
Сеуште не е познато колку Кинезите се спремни да платат за играчот за врска на Милан.















