Хрватите го слават Ван Дијк!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Холандија со вчерашното реми во Гелзенкирхен против Германија го осигура првото место во својата група и така закажа учество во завршниот турнир кој ќе се игра на почетокот од јуни 2019 година.

Иако Холанѓаните до 85. минута губеа со дури 2-0, со головите на Промес и Ван Дијк стигнаа до израмнување и вреден бод со кои завршија на првото место.

Голот на стоперот на Ливерпул во првата минута од судиското продолжение ги израдува и Хрватите, кои и официјално осигураа статус носител во ждребот за квалификации за Европското првенство.

На Хрватска и беше потребно Германија да не ја совлада Холандија за да го задржи своето место. Со многу среќа, Холандија успеа да избегне пораз и така ја спаси Хрватска од излегување во вториот шешир.