Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Репрезентацијата на Хрватска го победи Египет во натпревар од 1/8 финалето на СП, 21:19.
Штрлек и Хорват погодија за 2:0. Хрватите со погодоците на Хорват и Муса зголемија на 4:1.
Египќаните набрзина намалија на само еден негатива, 4:3. Хрватите постигнаа четири погодоци во серија за 8:3.
Хорват, Муса и Циндриќ во 23-та минута му донесоа на Хрватска водство од 7 погодоци, 12:5. Хрватска на полувреме замина со водство од шест погодоци, 13:7.
Еиса, Елахмар(2) и Рамадан и Елдера на почетокот на второто полувреме намалија на два негатива, 14:12.
Хрватите со погодоците на Циндриќ и Дуњак стигнаа до водство од четири погодоци, 18:14. Четири минути пред крајот на натпреварот Хрватска имаше водство од пет погодоци, 21:19.
Хрватска на крајот победи со 21:16 и се пласира во 1/4 финале.
Златко Хорват беше најефикасен кај Хрватска со 6 погодоци. Вардарецот Лука Циндриќ постигна 5 погодоци. Голманот, Иван Пешиќ беше фантастичен на голот на Хрватска, натпреварот го заврши со 11 интервенции. Кај Египет најефикасeн беше Ахмед Елахмар со 5 погодоци.