Хрватски фудбалер на чекор од потпис за Шкендија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот прволигаш, Шкендија најверојатно во зимскиот преоден рок ќе го доведе Иван Челиковиќ од Интер Запрешиќ.

Се работи за лев бек, а со тетовскиот клуб наводно ќе потпише 2 годишен договор.

Шкендија со Челиковиќ ќе ја пополни празнината на левата бековска позиција по заминувањето Бесир Демири во Вардар.

За хрватскиот фудбалер имаше интерес од Хајдук, но Шкендија успеа да го победи хрватскиот клуб.

Според некои информации, тренерот на Шкендија, Томас Брдариќ лично се заинтересирал за доведување на овој фудбалер.