Хуанфран го спаси Атлетико Мадрид од пораз против Еибар – Јорганџиите се полуфиналисти (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Еибар ремизираа на Ипуруа против Атлетико Мадрид во реванш натпреварот од четвртфиналето во купот на кралот, 2:2.

Атлетико играше без неколку првотимци на овој натпревар.

Во првото полувреме не видовме погодоци.

На почетокот на второто полувреме Хименез погоди со глава за водство Атлетико Мадрид. Само по влегувањето на терен Ерлих израмни. Водство на Еибар му донесе Леон девет минути пред крајот на натпреварот. Хуанфран ги постави конечните 2:2.

Атлетико Мадрид со вкупен резултат 2:5 се пласира во полуфиналето на купот на кралот.