Целје останува пациент – Вардар победи, а Марсениќ не промаши


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар во третото коло од групната фаза во ЛШ славеа на гости против Цеље со 26:32.

    Стартот беше во корист на домашните ракометари кои постигнаа три погодоци во низа. Вардарци првото водство го имаа при резултат, 6:7. Македонскиот шампион во првото полувреме најголема предност ја имаше од два погодоци. Домашните ракометари успеаа да израмнат, 15:15 и со тој резултат се замина на полувреме. Во вториот дел доминираше Вардар од стартот до крајот на натпреварот. Вардарци ја зголемуваа предноста, а највисоката беше шест погодоци, 19:25. Најмногу што направија ракометарите на Цеље беше намалување на негативата од два погодоци, 24:26. Кога намалија домашните на два погодоци, повторно Вардарци се распукаа и го однесоа натпреварот во мирна завршница. На крајот 26:32 и трета победа во три кола за Вардар во ЛШ.

    Мијајло Марсениќ со шест погодоци од шест обиди го предводеше Вардар до победа. Тимур Дибиров постигна 5, а Данил Шишкарев натпреварот го заврши со 4 погодоци од 4 обиди. Млакар и Потеко со по пет погодоци беа најефикасни во составот на Целје.