Цибона го почасти со 102 коша вториот македонски АБА-лигаш – Соколите декласирани во Хрватска


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Карпош Соколи беше декласиран во Хрватска од Цибона со 102:79.

    Кошаркарите на Цибона беа фаворити на овој натпревар и го потврдија тоа. После првата четвртина домашните имаа предност од 11 поени, 30:19. Втората четвртина донесе само зголемување на предност на хрватскиот клуб и на полувреме замина со предност од 16 поени, 57:41. Следуваше катастрофална четвртина на Карпош Соколи и во последните десет минути домашните кошаркари влегоја со предност од 25 поени, 82:57. Соколите во последната четвртина ништо не успеаа да направат, а Цибона ја одржуваше големата предност. Хрватскиот клуб на крајот славеше со 102:79.

    Шакиќ со 23 поени ја предводеше Цибона до победа. Џонсон додаде 18, Розиќ 15, Жижиќ 13 поени. Кај Карпош Соколи беше најефикасен Лабовиќ со 21 поен. Двоцифрени натпреварот го завршија и Вркиќ(17), Мавра(14) и Дувњак(12).