Циципас го доби маратонскиот меч против Монфилс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во финалето на турнирот во Дубаи.

Циципас после голема борба успеа да слави над Французинот Гаел Монфил во полуфиналето. После оваа победа, Циципас стана првиот Грк во Топ 10 на АТП листата.

Монфилс го доби првиот сет со 6-4, а потоа Гркот во наредните два сета по тај-брејковите успеа да стигне до пресврт и да стигне до ново финале.

Ова е петто финале за Гркот, а за титулата ќе се бори против Роџер Федерер.