Чави со изјава докажа дека остана и секогаш ќе биде господин


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот играч на Барселона, Чави Ернандез испрати големи пофалби во насока на големиот ривал, Реал Мадрид.

„Реал секогаш притиска до самиот крај на натпреварот. Никогаш не престанува да верува и во текот на историјата отсекогаш бил победнички клуб. Секогаш ќе остане таков бидејќи е голем клуб. Секогаш ќе носи многу проблеми на Барелона. И оваа година има одлична екипа која ќе се бори за сите титули“, изјави Чави па продолжи да зборува за својот омилен клуб и Златната топка.

„Барселона е најголемиот клуб во светот, а Златната топка секогаш ја заслужува Лионел Меси бидејќи е најдобар досега. Така и во 2010. година, кога имав прилика да ја освојам“, изјави Чави кој не ја исклучува можноста еден ден да биде менаџер.

„Никогаш не знаете што носи иднината. Можеби еден ден ќе бидам менаџер на Барселеона“, додаде Шпанецот.