Челси и Конте не се запираат лесно – Азар и Коста го расплакаа Сент Мери


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Челси во последниот натпревар на програмата денес од десетото коло во ПЛ славеа на Сент Мери против Сандерленд со 0:2.

    После шест минути игра Еден Азар се прошета низ одбраната на Саутемптон и му донесе водство на Челси, 0:1. Душан Тадиќ во 28-ма минута се закани по голот на Тибо Куртоа, но белгискиот голман го спречи србинот да го израмни резултатот. Во 55-та минута стрелецот на првиот погодок, Еден Азар асистираше, а Диего Коста од далечина по втор пат ја затресе мрежата на Саутемптон. Стивен Дејвис во 77-ма минута немаше среќа, ја затресе пречката. Резултатот до крајот на натпреварот не се промени, а избраниците на Антонио Конте запишаа нова победа.

    Сините после денешната победа се доближија до првата тројка на само еден бод. Саутемптон го запиша третиот пораз оваа сезона.