До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Антонио Конте дефинитивно ќе доживее промени во оваа зима со цел во следната сезона да можат да конкурираат за највисок пласман во Премиер лигата.
Судејќи по почетокот на оваа сезона, Челси не е во состојба да освои титула, иако навивачите потајно се надеваа дека такво нешто може да се случи и дека екипата ќе тргне со доаѓањето на Антонио Конте.
Сепак, одбраната се наведува како клучен проблем на Сините, па Антонио Конте ќе доведе неколку играчи на позиција стопер и бекови.
Се бара замена за Бранислав Ивановиќ, но и замена за Кејхил и Тери. На сите тројца им се одбројуваат деновите во Челси.
Една е веќе потенцијална, се споменува дефанзивецот на Атлетик Билбао, за тоа можете повеќе да прочитате ОВДЕ.
Покрај тоа, Челси изгледа нема да се откаже од Кулибали. Овој стопер на Наполи е на мета на Антонио Конте од самиот почеток од доаѓањето во Челси, а Аурелио де Лаурентис истакна дека сумата која може да ја добие достигна до 58 милиони фунти.
Кулибали во меѓувреме потпиша нов договор, се до 2021 година, но Челси дефинитивно не се откажа од него.
Колку ќе биде следната сума која ќе ја понуди?















