Челси одби неверојатна понуда од Барселона за Вилијан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Странските медиуми пренесуваат дека Челси ја одбил понудата на Барселона за кричниот напаѓач Вилијан.

Вчера се појави информација дела Плавите од Лондон примиле понуда за својот Бразилец и било наведено дека се во прашање 55 милиони евра и најверојатно Малком.

Денес оваа информација е потврдена и плус додадено е дека е одбиена. Ова е само уште еден доказ колку тимот од Стемфорд Бриџ го цени овој фудбалер.

Инаку, ова не е првпат Барса да се интересира за Вилијан, бидејќи Каталонците уште летото пробаа на сите начини да го ангажираат овој фудбалер, но не успеаа.

Инаку, Бразилецот во актуелната сезона одигра вкупно 31 натпревар во дресот на Челси и постигна четири голови и шест асистенции.