Челси понуди 25 милиони евра за фудбалерот кој има одиграно само 16 првенствени натпревари во кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френк Кеси ги полуди европските гиганти, а изгледа дека Челси е најблиску до негово доведување.

Кеси е една од најубавите фудбалски приказни оваа сезона. Овој 20-годишен репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска дури оваа година заигра прволигашки фудбал, но со својата игра ги полуди европските гиганти. А имаат и зошто да бидат луди за него.

Овој фудбалер за врска кој што може да игра и во одбраната во дресот на Аталанта има постигнато шест погодоци и со тоа ја држи титулата најмлад фудбалер во петте најсилни европски лиги кои постигнале толкав број на погодоци. Кеси има прекар „новиот Јаја Туре“ по својата игра.

Ливерпул, Арсенал и Јувентус исто така се заинтересирани за него, но франс фудбал соопшти дека Челси одлучи Кеси да биде нивни фудбалер и дека на Аталанта му испратиле понуда тешка 25 милиони евра. Не е лошо за младиот фудбалер кој одиграл 16 прволигашки натпревари.