Четири парчиња од Италија – Втор пораз во групата за младите репрезентативки на Македонија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Женската репрезентација на Македонија до 19 години беше поразена и во вториот натпревар во групата. Денес беа поразени од Италија со 3:0.

    Само по осум минути игра го видовме првиот погодок во мрежата на македонските репрезентативки. Сертурини и донесе водство на Италија. На полувреме се замина со минимална предност на италијанките. Во период од три минути италијанките постигнаа два погодоци кои беа доволни за да ја осигураат втората победа во групата во два натпревари. Каноне и Санторо го зголемија водството на репрезентацијата на Италија, 3:0. Пред четири минути пред крајот на натпреварот Карусо ги постави конечните 4:0.

    Следниот натпревар на младата женска репрезентација е на 23-ти октомври против репрезентацијата на Велс, натпреварот се игра од 14:30.