Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Федерер го победи Киригос со 2:1 во Мајами Опен и се пласираше во финалето.
Натпреварот траеше 3 часа и 15 минути, а сите три сетови се завршени во тај-брејкови што многу ретко се гледа.
Федерер после натпреварот беше навистина многу среќен на оваа победа.
„Чувството е неверојатно, особено после победа во 3 тај-брејка. Убаво беше да се победи во ваков натпревар а и добро се сеќавам на поразот од него пред неколку години. Тогаш беше роденден на моите синови а јас неможев да бидам со нив бидејќи играв. Поради тоа убаво е што денеска победив“
„Надал до сега не го освоил овој турнир. Сега се чувствува посвежо но тоа не ми е проблем. Ќе бидам подготвен. Среќен сум што се вратив доволно јак после сите проблеми и повреди. Чувството е како во старите добри времиња“ – вели Федерер.
Натпреварот е во недела од 21:00 часот.