Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холандскиот фудбалер, Весли Снајдер одлучи за англиските медиуми да открие кој за него е најдобриот менаџер во светот.
Фудбалерот на Галатасарај пред неколку дена призна дека одбил богата понуда од Кина, бидејќи и понатаму сака да игра во Европа. Иако во својата кариера работеше со многу легендарни менаџери, неговиот избор изненади многумина.
„Имав прилика да работам со многу одлични менаџери. Можам да кажам дека никогаш повеќе нема да има вакви одлични експерти. Сепак, најдобриот менаџер во светот за мене е Луис Ван Гал“, изјави Снајдер.
Многумина очеквуаа тоа да биде Жозе Мурињо со кого Холанѓанецот работеше во Интер, а во 2010. година ја освоија и Лигата на Шампионите.