Шампионот Лестер капитулира на Дин Корт, Вилијамс го падна на колена Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од шеснаесетото коло од ПЛ се одиграа два натпревари.

Борнмут на Дин Корт минимално го совлада шампионот Лестер, 1:0. Голманот на Борнмут го спасуваше својот тим од Џејми Варди на стартот на натпреварот. Во 34-та минута Марк Пух постигна погодок за водство на Борнмут. Смит во второто полувреме шутираше покрај голот на Лестер. Дефанзивецот на лисиците, Хут петнаесет минути пред крајот на натпреварот со глава беше непрецизен. Борнмут на крајот се радуваше. Во следното коло Борнмут повторно ќе игра на Дин Корт, овој пат против Саутемптон, а Лестер повторно ќе гостува, Стоук е нивниот следен противник.

На Гудисон, Евертон славеше против Арсенал со 2:1. Дваесет минути по почетокот на натпреварот беше досуден слободен удар за Арсенал. Алексис Санчез постигна фантастичен погодок за водство на топчиите. Пред крајот на првото полувреме Евертон израмни преку Колман кој со глава го совлада Чех. Озил во второто полувреме имаше шанса за да го врати водството на Арсенал, но шутираше непрецизно. По голот на Чех се закани Баркли кој беше непрецизен. Четири минути пред крајот на натпреварот Ешли Вилијамс со глава му донесе огромни три бода на Евертон. Џагелка во финишот на натпреварот доби втор жолт картон и Евертон остана со фудбалер помалку на теренот. Карамелите во следното коло повторно играат на Гудисон и повторно дерби, против Ливерпул, а тимот на Арсен Венгер повторно ќе гостува и повторно ќе игра дерби, овој пат на Итихад против Манчестер Сити.