Шарапова не знае да запре – Контавеит елиминирана во два сета


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марија Шарапова во 1/4 финалето на ВТА турнирот во Штутгарт ја победи Анет Контавеит со 0:2 во сетови.

Шарапова направи два брејка во првиот сет кој го доби, 3:6. Русинката во четвртиот гем во вториот сет на направи брејк, 1:3. Во следниот гем Шарапова го изгуби сервисот и Контавеит намали на 2:3. Марија ја искористи единствената брејк-топка во шестиот гем, 2:4. Руската тенисерка сервираше за победа, но естонката и го одзеде сервисот, 4:5. Шарапова на сервисот на Контавеит ја искористи брејк-топката и победи на денешниот натпревар, 4:6.

Во полуфиналето русинката ќе игра против подобрата од дуелот Младеновиќ – Суарез Наваро.