Шокантни вести од Шпанија: Пике ја напушта репрезентацијата


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Шпанскиот репрезентативец, Жерард Пике најави повлекување од репрезентацијата по Светското првенство.

    Пике по победата на Шпанија над Албанија соопшти дека Светското првенство во Русија ќе биде неговото последно натпреварување во дресот на репрезентацијата, а за оваа одлука, како што вели тој, некое време размислувал.

    „Светското првенство во Русија ќе биде моето последно натпреварување за Шпанија. Размислував за тоа, не е ова нешто што го зборувам со топла глава. Долго време размислував за ова и мислам дека тоа е правилна одлука“, изјави Пике.

    „Се надевам дека навивачите потоа ќе ме остават на мир. Ми ја убија мојата радост за да играм за репрезентацијата и иако по Русија ќе имам 31 година, ќе ја напуштам репрезентацијата“, додаде Пике.

    Навивачите на Шпанија најмногу му замеруваат на Пике поради лојалноста кон Каталонија, како и исмејувањето на играчите од големиот ривал, Реал Мадрид.