Шок за Грција, Антетокунмпо го пропушта ЕвроБаскетот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Големата ѕвезда на грчкиот национален состав, Јанис Антетокунмпо излезе со официјална изјава дека го пропушта претстојниот ЕвроБаскет поради повреда на коленото.

 

Грчката супер-ѕвезда објави преку социјалните медиуми дека го пропушта ЕвроБаскетот 2017 откако му беше утврдена повреда на коленото во тестовите кои ги изврши за својот НБА тим Милвоки Бакс.

 

“Сакам да ги информирам сите фанови дека нема да настапам на за грчкиот национален тим на претстојниот ЕвроБаскет. Цело ова време се притискав себеси да тренирам напорно за да бидам спремен за играње со репрезентацијата, но за целото тоа време пробував да ја игнорирам болката во коленото.

Откако ги извршивме тестовите открив дека повредата не е тема на која што треба да и пристапам полу-сериозно, така што ќе морам да го откажам настапот за репрезентацијата.

Ова е најголемото разочарување во мојата кариера. Сакав да бидам дел од составот на Грција и заедно со моите соиграчи да се потрудиме да донесеме успех на ЕвроБаскетот, нешто што му фали на националниот тим веќе долго време.

Историјата ја испишуваат оние на кои им е дадена шансата да ја креираат, а за жал на мене таа шанса ми беше одземена.” – напиша Јанис Антетокунмпо на својот фејсбук профил.

 

ЕвроБаскетот почнува на 31 август а ќе се игра до 17 септември.