Шок за Реал: Огромна пауза за Бејл !


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл нема да се врати на теренот до самиот финиш на сезоната.

    Велшанецот се повреди на 22. ноември во натпреварот во Лигата на Шампионите против Спортинг, а вчера излезе од болница по операцијата на десниот глужд.

    Иако порано се зборуваше дека Бејл од теренот ќе отсуствуа од теренот два до три месеци, таа пауза ќе биде уште поголема.

    Бејл би требало да закрепне до април следната година, а тоа би значело дека ќе пропушти дури 25 натпревари.

    Првиот натпревар во кој нема да настапи е големото Ел Класико кое се игра на 3. декември во Барселона.