Шок за фудбалерот на Севиља – Позитивен на допинг тест?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Самир Насри добро влезе во оваа сезона во дресот на Севиља и изгледаше дека бурниот живот го остави зад себе.

Сепак, радоста за новиот почеток во Севиља кратко траеше бидејќи францускиот фудбалер е под истрага за допинг.

Шпанските медиуми соопштија информација дека шпанската антидопинг агенција почна со истрага за земање на забранети средства на францускиот фудбалер.

Наводно, тој денес се појавил во клиника за да ги помине тестовите, а таму се појавуваат само допингуваните спортисти.

Во случај на тестот на допинг да е позитивен, Насри ќе го чека долгогодишна суспензија.