Шпанецот ја отвори душата: Михајловиќ ги тероризираше играчите, кај Монтела уживаме


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Напаѓачот на Милан тврди дека атмосферата е подобра од доаѓањето на италијанскиот тренер што се гледа и по резултатите.

    Милан после долго време има добар почеток на сезоната. Росонерите ги надминаа очекувањата со делбата на втората позиција на табелата со Рома и најпријатно се изненадување на стартот на шампионатот.

    Новиот тренер Винченцо Монтела прилично добро го отвори мандатот на Сан Сиро.

    Наредниот викенд ги очекува најтешката можна задача – дерби со Јувентус. Една од ударната сила на Росонерите ќе биде шпанското крило Сусо кој е незаменлив од почетокот на сезоната.

    Тој е едно од откритијата на Монтела. Се врати од позајмица од Џенова, а Сусо се наметна со добрите игри на подготовките и на стартот на сезоната. Милан доби неочекувано засилувања во играч кој Михајловиќ го пречкрта во претходната сезона. Што Шпанецот не  го заборава…

    „Со претходниот тренер владееше атмосфера на терор во тренинг центарот во Миланело. Монтела донесе искреност и смиреност“, рече Сусо во интервју за Тутоспорт.

    Шпанскиот офанзивец откри дека Михајловиќ го пречкрта после само една шанса на стартот од минатата сезона после што во зимскиот преоден рок отиде во Џенова каде што играше одлично и обезбеди враќање на Сан Сиро кога е сменет српскиот стручнак.

    „За играчот да ја покажа својата вредност, тој мора да добие шанса да игра и тоа да го направи на терен. Јас кај Михајловиќ добив шанса само во еден натпревар. Против Емполи, на почетокот на сезоната. Михајловиќ бараше да играм „треквариста“, иако тоа не е моја улога и ме замени после час време. Од тогаш, никогаш повеќе не добив шанса кај него“, рече Сусо

    Шпанецот сега ужива кај Монтела со Донарума и Бонавентура се единствени во тимот кои ги почнаа сите осум првенствени мечеви.

    „Монтела беше многу важен во мојот избор да се вратам во Милан и да се борам за шанса. Поготово поради неговата филозофија на фудбалот. Ми се допаѓа неговиот стил, сака да ја имаме топката во нозе и да напаѓаме што е како создадено за мене. Монтела промени некои работи во соблекувалната. Не научи да размислуваме од натпревар до натпревар. Сега го делиме второто место на табелата, а да го победевме Удинезе дома ќе бевме на два бода од лидерот. Но Монтела не научи да не размислуваме долгорочно, за Лигата на шампионите или Лига Европа. Иако по квалитет заслужуваме да бидеме во врвот. Пофалби заслужува и управата на клубот која го тргна притисокот од Монтела и младите фудбалери кои ги има во изобилство во овој тим“.

    Росонерите сега ги очекува момент на вистината во дербито против Јувентус. Сан Сиро е распродаден после долго време и чека на победа против владетелот на италијанскиот фудбал. Младиот тим на Монтела пополека ја освојува довербата на навивачите.

    „Полесно ќе ни биде да се подготвиме за Јувентус отколку со Киево. Против Јувентус лесно се мотивира. Јасно е дека тие се силен тим и дека можеме да загубиме. Тактички се многу добри, не оставаат многу простор, нема да имаме многу шанси…. Но пред преполн стадион, немаме причина да се плашиме. Мораме да играме како што игравме и досега“, рече Сусо.