Шпанските медиуми го открија разговорот помеѓу Меси и судијата после натпреварот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во големото дерби од 13. коло во шпанската Ла Лига на Местаља, Валенсија и Барселона одиграа 1:1. Барселона успеа да ги задржи четирите бода предност во однос на Валенсија со голот во самиот финиш на натрпеварот.

Сепак, овој натпревар ќе беше потполно друг, доколку судиите го признаа чистиот погодок на Лионел Меси во првото полувреме. Иако јасно се виде дека топката ја помина гол-линијата, помошниот судија не реагираше. додека Вилануева само одмавна со раката.

После натпреварот Меси одлучи да му пријде на судијата и да му порача дека уште еднаш направија голема грешка: „Погрешивте многу, а сега ќе го видете тоа“. Сепак, помошниот судија му рекол дека ситуацијата не му била баш јасна, а потоа го игнорирал Меси.

Но, во сево ова се вклучил главниот судија Вилануева, кој одлучил цела вина да ја префрли на својот помошник.

„Хосе, ти ми рече дека не е гол бидејќи јас не бев сигурен дали топката ја премина гол-линијата“, рекол Вилануева.