Шпанските медиуми имаат доказ дека Бејл ќе го напушти Реал Мадрид?


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Шпанските медиуми денеска објавија дека Герет Бејл сигурно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната.

    Како што пишува мадридскиот „АS“, агентот на Бејл денеска во главниот град на Шпанија имал состанок со претставниците на Манчестер Јунајтед со цел да разговараат за можен трансфер на Велшанецот на „Олд Трафорд“. „AS“ тврди дека постојат и фотогтафии од средбата, а тие ќе бидат објавени подоцна.

    Познато е дека Бејл не е баш среќен во Шпанија, и дека му недостасува животот на островот. Велшанецот е важен дел од „кралскиот клуб“, но се чини дека нема желба да игра во Шпанија.

    „Кралскиот клуб“ се обидува да го продолжи договорот со овој фудбалер, но преговорите веќе траат неколку недели и тоа без никаков напредок. Бејл веќе неколку сезони се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, па навивачите на Јунајтед веќе не сакаат да веруваат во оваа приказна.

    Сепак, дали Бејл од следната сезона ќе заигра во дресот на Манчестер Јунајтед ќе покаже времето, но каде што има чад, има и оган.