Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мичел Вејзер беше јунакот вечерва за германците, тој го постина единствениот и победнички гол за својата репрезентација во финалето од Европското Првенство за фудбалери до 21 година. Голот го постигна со глава во 40-та минута од првото полувреме и им донесе нова титула на „панцирите“, кои последен пат го освоија европското првенство за младинци во 2009 година, кога тимот го предводеше Месут Озил.
Иако Шпанците важеа за фаворити на овој меч, „железните“ Германци им покажаа дека не случајно се најдоа во големото финале и ги надиграа речиси во сите погледи од играта, освен во посед на топка, кој знаеме е главно оружје на Шпанските селекции, но денес тоа не им даде резултат.
Првото полувреме беше мошне интересно, шансите се редеа и на двете страни, а германците кон крајот на првиот дел успеја да искористат еден добар центаршут и да ја сместат топката позади грбот на шпанскиот голман Аризбагалда.
Вториот дел помина во доминација на Шпанците на средината на теренот, но тоа не донесе ништо конретно, Германците беа опасни од контра напади, но и тие не успеаа да ја погодат целта, па така натпреварот заврши со резултат 1-0 за Германците.
Со оваа победа Германија го осови европското првенство за играчи до 21 година кое се играше во Полска.