“Што да кажам? Имам 19:0 во рингот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ентони Џошуа е нов шампион во тешка категорија. Британскиот боксер вечерва во Лондон со нокаут во 11 рунда го победи легендарниот Владимир Кличко и ја одбрани титулата IBF шампион, и ја освои титулата во WBA и IBO шампион на светот.

„Што да кажам? Имам 19:0 за три и пол години во ринг. Како што реков, не сум совршен но се обидувам да се стремам кон тоа, ако тоа не го работиш сигурно паѓаш“, рече Џошуа.

„Како што боксот наложува, егото мораш да го оставиш на вратата и да го почитуваш својот противник. Па така голем аплауз за Владимир Клично“, рече Џошуа.

Британскиот боксер после тоа го повика Тајсон Фјури кој може да биде негов нареден противник.

„Тајсон Фјури? Каде си бебе? Ајде дали е тоа што сакате да го видите? Уживам да се борам. Сакам да се борам. Фјури, знам дека многу зборуваш и дека сакаш да се вратиш и натпреваруваш“, рече Џошуа.

Тој додаде дека сака да даде уште една шанса на навивачите на Вембли да се врата и да гледаат бокс овде.