Што значи ова за Герет Бејл?


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Ако некој едвај го чекаше заминувањето на Роналдо од Реал во Јуве, тоа е Герет Бејл. За Велшанецот конечно се отвори простор да стане главна алка во Реал Мадрид.

Меѓутоа во меѓувреме му се случи Винициус Јуниор.

Бразилскиот тинејџер сериозно се наметнува во блиска иднина да го завземе местото на Бејл, како местото така и статусот прва ѕвезда.

Бејл и понатаму е најскапо засилување на Реал Мадрид во историјата, а иако има дадено многу важни голови, нешто едноставно недостасува за Велшанецот да стане „главна“ фигура на Сантијаго Бернабеу.

А иако беше логично после заминувањето на Роналдо, работите да се вртат околу Бејл, тие се повеќе се вртат околу младиот Винициус, 18 годишникот кој Реал Мадрид го пронајде во Бразил.

Дури се шпекулира дека и Лопетеги инстистирал кај управата да му се дава повеќе шанса на новата млада ѕвезда на Кралевите.

Солари верува во младиот Винициус и не се штеди да го става младиот Бразилец во првата постава и во важните средби.

Така Винициус се најде во стартниот состав во синоќешното полуфинале против Барса, додека Бејл почетокот на мечот го дочека на клупата за резерви.

Винициус веројатно го заслужи и местото во стартниот состав со обзир дека во Кралскиот куп оваа сезона директно учествуваше во осум голови на Реал. На Бејл не може да му биде сеедно. Да потсетиме, Бејл синоќа во 64. минута го замени токму Винициус.