Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Од дванаесетото коло во ПЛ се одиграа уште шест натпревари.
Фудбалерите на Манчестер Сити славеа на со 1:2 на гости против Кристал Палас. Јаја Туре ги постигна двата погодоци за граѓаните во денешната победа. Викам погоди за Кристал Палас.
Евертон на Гудисон Парк одигра нерешено против од Свонси, 1:1. Пеналот во 41-ва минута му донесе водство на гостите, а стрелец од белата точка беше Сигурдсон. Колмен во самиот финиш на натпреварот погоди за израмнување и му донесе бод на карамелите.
После два порази Борнмут конечно победи во ПЛ. Денес славеа на гости против Стоук минимално со 0:1. Погодокот за Борнмут го постигна Аке. Бојан Кркиќ промаши пенал во второто полувреме за израмнување на резултатот.
Вотфорд славеше со 2:1 против актуелниот шампион Лестер со 2:1. Капуе и Переира во првото полувреме го зголемија водството на домашните на 2:0. Ријад Марез ги постигна конечните 2:1 од белата точка.
На стадионот на светлоста последнопласираниот Сандерленд има водство од 3:0 против Хал. Аничебе два пати и Дефо беа стрелци на погодоците на домашниот клуб. Натпреварот во второто полувреме беше прекинат и започна малку подоцна од останатите натпревари.