До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Прв пат откако Пеп Гвардиола го презеде кормилотот на Манчестер Сити играчот за врска од БСК се најде во стартниот состав на натпревар од ПЛ.
Граѓаните денеска во рамките на 12 коло од Премиер лигата гостува на Кристал Палас на Селхартс Парк, а познато е кои 11 играчи ќе истрчаат на терен.
Гвардиола ќе извади тим во формација 4-2-3-1, Коларов се враќа на својата првобитна позиција, на лев бек, а новитет е што во срцето на средниот ред со Фернандињо ќе биде Јаја Туре.
Капитенот Винсент Компани доби предност во однос на Џон Стоунс и ќе биде со тандем со Отаменди, како и Бакари Сања во однос на Пабло Забалета на десната страна.
Давид Силва остана на клупа, Пеп се реши да тргне со Стерлинг, Нолито и Де Брујн позади најистурениот Кун Агуеро.
Голот на Сити ќе го чува Клаудио Браво.
TEAM NEWS with @haysworldwide #palacevcity #mcfc pic.twitter.com/8SizNtDQZu
— Manchester City (@ManCity) November 19, 2016















