Ја освои Златната топка и сега може да тргне кон Манчестер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Палмеирас, Габриел Жесус е прогласен за најдобар играч во Јужна Америка во 2016. година.

Тој вчера и официјално ја освои Златната топка за претходната сезона во бразилската Серија А, откако му помогна на својот тим да стигне до титулата.

Жесус постигна 12 гола оваа сезона и беше еден од најзаслужните за титулата на Палмеирас.

Тој уште на лето потпиша договор со Манчестер Сити, каде што во јануари и ќе се приклучи на тимот, и така во вториот дел од сезоната ќе го гледаме во Премиер лигата.