Јованка Радичевиќ помеѓу трите ѕвезди на колото, Мајса Пејсоа најдобра одбрана


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    После големата победа на Вардар против Астраханочка во Јане Сандански во натпревар од четврото коло од ЛШ следуваа две награди за ракометарките на Вардар.

    Јованка Радичевиќ која постигна 9 погодоци против Астраханочка беше сместена помеѓу трите ѕвезди на четвртото коло. Место имаше и за Нора Мерк од Ѓер и Јурсвали Луциано од Мец.

    Голманката Мајса Пејсоа ја имаше најдобрата одбрана во четвртото коло во ЛШ. Кира Трусова од Астраханочка беше сместена на петото место. На четвртото место се најде Јохана Бундсен од Савехоф. Трета најдобра одбрана имаше Катрин Лунде од Ростов. Ева Кис од Ѓер се најде на втората позиција.