Јувентус го сака Боатенг?

Германскиот медиум Дас Билд тврди дека Јувентус има намера да го доведе Џером Боатенг од Баерн за 30 милиони евра.

Централниот бек полни 30 години во септември, а во Баерн игра повремено.

Неговиот договор истекува во јуни 2021. година, но играчот не е повлечен од пазарот.

За него се заинтересирани и некои англиски клубови, но Јувентус веројатно ќе ги искористи одличните односи кои ги има со Баерн после успешните трансфери на Коста, Коман и Бенатие.

Останува да видиме што ќе се случува ова лето и дали овие шпекулации ќе се потврдат.