Јувентус го сака на позајмица заборавениот играч на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Тимот на Јувентус е во потрага по играч од средниот ред, бидејќи не се задоволни од Сами Кедира и Клаудио Маркисио, кои не покажаа многу на почетокот на сезоната, па најверојатно ќе испратат понуда до Барселона за едно годишна позајмица на Андре Гомес.

Андре Гомес дојде од Бенфика во Барселона, но и самиот играч не е задоволен од минутажата која му е понудена на „Камп Ноу“, сака клуб каде што ќе игра континуирано, а Јувентус е идеалното решение за тоа.

Од раководството на Јувентус веќе испратиле понуда за играчот на Барселона, кој што сакаат да го доведат на позајмица.

Ќе се откаже ли Барселона, лесно од талентираниот португалец кој искрено не се снајде најдобро на „Камп Ноу“, останува да видиме.