До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Масимилиано Алегри сака да го види младиот фудбалер кој настапува во Бундеслигата во своите редови.
Масимилиано Алегри бара цетрален играч за врска за следната сезона, но никој во клубот нема да се буни ако таков фудбалер стигне веќе во јануари.
Можеби и таква е стратегијата на Јувентус, за новиот фудбалер да се адаптира до крајот на оваа сезона, а после тоа да биде стандарден дел од првиот тим.
Тоа може да биде Махмуд Дахуд, млад фудбалер на Борусија од Мехенгладбах.
Овој фудбалер има откупна клаузула од 10 милиони евра која важи дури од јуни следната година, а за да ја победи конкуренцијата, Јувентус може да плати и далеку поголема сума веќе во јануари.
Ливерпул и Манчестер Сити беа заинтересирани во претходното лето за Дахуд, но трансферот не се случи, овој 20-годишен Германец по потекло од Сирија остана во Бундеслигата.
Италијанските медиуми споменуваат сума од околу 15 милиони евра.















