Јувентус купува во Премиер лигата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Летниот трансфер-период почна бавно за тимот од Торино но затоа шпекулациите се вжештуваат од ден на ден. Италијанскиот шампион заинтересиран за играч од Премиер лигата.

Јувентус бара засилување во средниот ред и како што стојат работите, тие се “загреани” за да го засилат тимот со играчот на Ливерпул, Емре Чан. Тој има 23 години и веќе е германски репрезентативец а Јувентус смета дека ова би бил трансфер кој ќе помогне на тимот веднаш но и ќе претставува иднина за составот од Торино.

Шпекулациите за трансфер на Чан се засилуваат поради тоа што Ливерпул си дозволи да не му потпише нов договор па така тој има уште само една година на постоечкиот договор, што значително би можело да влијае на цената за која може да биде продаден. Засега цената за негов трансфер се движи околу 30 милиони евра.

Ова би бил логичен трансфер за италијанскиот шампион затоа што Сами Кедира се мачи со повреди откако дојде во Торино и играч како Чан кој игра на истата позиција би бил одлично покритие за германскиот ветеран.

Емре Чан во минатата сезона настапи во 32 натпревари од Премиер лигата и притоа постигна 5 гола.